Најмлаку 31 загинат во железничка несреќа во Иран
Најмалку 31 лице загинаа, а околу 70 други се повредени денеска во железничка несреќа во провинцијата Семнан во северен Иран, јави иранската државната телевизија Ириб.
Според гувернерот на Семнан, Мохамед Реза Хабаз, несреќата се случила 250 километри источно од иранскиот главен град Техеран, кога патнички воз се судрил со друг композиција.
При судирот четири вагони излетале од шините, при што два од нив избувнал пожар.
Директорот на иранската Црвена полумесечина, Али Азгар Ахмади стравува дека бројот на жртви може да се зголеми.
- На местото на несреќата се испратени хеликоптери и амбулантни возила, за помош при спасувачките операции, додаде тој.
Приближно 17.000 луѓе годишно во просек загинуваат во сообраќајни несреќи во Иран и тоа главно поради непочитување на правилата, стари превозни средства и низок квалитет и ефикасност на итната помош.
Ново на Сител
-
Сончево и многу топло, температурата до 40 степени
-
Поради штрајкот на француските контролори на летање откажани повеќе од 1.500 летови
-
ФК Силекс со бесплатен превоз и карти за натпреварот со ФК Дечиќ
-
СПM: Се заострува негаторската политика кон македонскиот идентитет и јазик
-
Путин и Трамп разговараа за Украина и историските врски меѓу Русија и САД
-
Уапсен мотоциклистот кој избега откако усмрти скопјанец на кеј
-
Во Германија уапсен маж, кој со секира повреди четири лица
-
Зеленски: За постигнување на мир во Украина неопходна е лидерска средба