Најмалку три лица убиени на плажите во Акапулко
Најмалку три лица беа убиени на плажите во мексиканското летувалиште Акапулко во претходните денови, а една жртва беше убиена од напаѓач кој дошол од морето со чамец и побегнал на ист начин, јави Си-Би-Ес Њуз.
Гувернерот на пацифичката мексиканска држава Гереро, каде што се наоѓа Акапулко, рече дека назначил 60 вооружени детективи да патролираат по плажите по неодамнешните насилни инциденти.
Насилството продолжува и покрај присуството на неколку илјади војници и Национална гарда распоредени во градот откако беше погоден од разорниот ураган Отис од петта категорија во октомври.
Тогаш загинаа 52 лица, а 32 се водат како исчезнати, додека речиси сите хотели во Акапулко беа тешко оштетени. Поправени се само дел од оштетените хотелски соби, околу 5.000.
И покрај големото присуство на војската, нивото на насилство од бандите не е намалено.
Владата на мексиканската држава Сонора, која се наоѓа северно од Гереро, предупреди дека нарко картелите регрутирале локални млади луѓе.
Ново на Сител
-
Сообраќајот во зимски услови, укинати забраните за тешки товарни возила
-
Од овој месец печатените електронски документи ќе се признаваат како оргинални
-
23 годишник силувал 11 годишно дете во Тетово
-
Трамп ќе биде осуден пред неговата инаугурација, во случајот мито за молчење
-
Зеленски: Русија ја нападна Украина со над 300 дрона и 20 ракети во првите три дена од 2025 година
-
Од денеска до вторник ЈСП со неделен возен ред
-
Променливо облачно со дожд и снег
-
Земјотрес со јачина од 5,8 степени ја погоди Етиопија