Најмалку транспарени министерствата што потрошиле најмногу на јавни набавки
Министерствата за внатрешни работи, за здравсто, за земјоделство, шумарство и водостопанство и за обрзование и наука биле најнетранспарентни во процесот на јавни набавки.
Ова го покажува анализата за мерење на транапареноста, отчетноста и интегритетот во јавните набавки спроведена од Центарот за граѓански комуникации за спроведени јавни набавки во текот на 2016 година.
Според истражувањето, четирите најниско рангирани институции трошат најголем дел од парите за јавни набавки, односно 75 проценти од вкупните средства што ги потрошиле опфатените институции. Додека седумте институции со највисока проценутална исполнетост трошат само пет проценти од вкупните средства за јавни набавки.
Анализирани се 21 институција кои покажале средно ниво на транспареност.
- Институциите се рангирани во пет нивоа. На оскудно и највисоко ниво нема ниту една институција што значи дека ниту една институција не остварува од 80 до 100 проценти исполнетост на критериумите, ниту пак има некоја која има од 0 до 20 проценти. Сите се во средно ниво од 20 до 80 проценти. Најмногу институции има во ограниченото ниво, односно од 40 до 60 проценти исполнетост на критериумите за транспареност на јавните набавки, изјави Герман Филков од Центарот на денешната презентација на анализата.
Според истражувањето, ниту една институција не го запазила критериумот за направена проценка за потребата за набавка и контролата и следење на спроведувањето на договорите.
Со анализата се опфатени министерствата, Службата за општи и заеднички работи, секретаријатите за законодавство, за спроведување на Рамковниот договор, за европски прашања и Собранието на РМ.
Идејата е да се понуди алатка на институциите за самоевалуација колку ги запазуваат овие основни принципи во јавната набавка, а следната година оваа алатка ќе ја применат и други невладини организации што ќе ги рангираат општините.
- Тие се многу повеќе од процедура, администрација и бирокаратија. Поентата е да се фрли светло на ефикасноста на јавните набавки и целисходноста. Со запазување на овие приницпи ќе се види дали институциите навистина го купуваат она што им треба во таа количина, во тој обем, во тој рок и дали тоа било функционално, односно ја извршило намената за која е купено, истакна Филков.
Рангираните институции во 2016 година потрошиле 170 милиони евра. Вкупно биле склучиле 1823 договори.
Мотивот за анализата, како што рече Филков, е јавните набавки да се подигнат на повисоко ниво како инструмент, како нешто што реба да им служи на сите, а не само да се сведе, како што рече, на слепо купување производи и услуги за функционирање на институциите.
Ново на Сител
-
Македонија избрана за членка на Советот за човекови права на ОН за периодот 2025 - 2027
-
Дачиќ утре доаѓа во Македонија - во Куманово ќе се сретне со Тошковски
-
Девизните резерви на крајот на септември 4,4 милијарди евра
-
Багерист во Мирковци пронашол експлозив
-
Кривична против седум лица за „несовесно работење во службата“ - Предизвикале штета на државниот буџет во износ од 32,000 евра
-
Кривична пријава против 50 годишен скопјанец - Нападнал полицаец во амбулантното одделение во затворот Идризово
-
Малолетници нападнале соученик и се обиделе со тврд предмет да го силуваат
-
Претрес во Охрид, пронајдена дрога, приведен дилер