Најмалку шестмина загинати под свлечиште во Непал
Најмалку шест лица загинаа, а други шест се водат за исчезнати, откако обилните монсунски дождови рано утринава по локално време предизвикаа свлечиште во планинско село во Непал, изјави локален полициски службеник, пренесе ДПА.
Свлечиштето затрупа пет куќи во селото Сатвавати, во покраината Гулми, наведе инспекторт Рабиндра Кадка.
-Најдовме шест тела. Шест други лица се видат за исчезнати, изјави тој за ДПА. Силните врнежи во селото се очекуваа во текот на ноќта во понеделникот, додаде тој.
Само оваа недела во поплавите и свлечиштата во Непал загинаа најмалку 90 лица и други 29 се исчезнати. Околу 11.000 лица се раселени низ земјата по поплавите и свлечиштата.
Источните и централните делови на земјата се најсилно погодени од приордната катастрофа.
Владата се најде на удар на критики заради бавноста во напорите за надминување на штетите во регионите погодени од поплавите, јави ДПА.
Ново на Сител
-
Мачките благотворни за човековото здравје
-
Милорад Додик осуден на една година затвор
-
ДКСК: 86 казни за актуелни и поранешни министри, пратеници и именувани лица
-
Филипче: Владата да каже за што се потрошени парите од унгарскиот кредит
-
Делегација од Кисела Вода предводена од градоначалникот Ѓорѓиевски положи цвеќе на гробот на Борис Трајковски
-
Мицкоски: Точно се определени начините како можат да се трошат средствата обезбедени преку кредитната линија од Унгарија
-
Има закон и ќе одговараат пред него, им порача Мицкоски на супер маркетите кои картелски се здружуваат
-
Дожд и повремен снег во наредните денови