Најмалку шест луѓе загинаа во израелски напад врз Бејрут
Најмалку шест луѓе загинаа во денешниот израелски воздушен напад врз центарот на главниот град на Либан, Бејрут.
Израелската армија (ИДФ) соопшти дека извршила прецизен воздушен напад врз зграда во квартот Бачура, кој е во близина на Парламентот.
Три проектили го погодиле и јужното предградие на Бејрут, Дахије, каде минатата недела беше убиен ллидерот на Хезболах, Хасан Насрала.
Јужните предградија на Бејрут од вчера беа мета на десетина израелски напади, еден ден откако Иран истрела повеќе од 180 проектили врз Израел.
ИДФ вчера соопшти дека осум војници загинале во копнена битка во јужен Либан додека израелските сили упаднаа на територијата на Либан.
Привремениот премиер на Либан, Наџиб Микати изјави дека околу 1,2 милиони Либанци се раселени поради израелските напади.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Во 21 век на талибански начин се избришаа македонскиот јазик и идентитет од извештајот на ЕК
-
Африм Фидани ја превзема функцијата претседател на Врховниот суд
-
Втор ден комисиска расправа за ребалансот на Буџетот
-
120 нови дигитални услуги
-
Нов бран превентивни мерки на полицијата
-
Зголемен интерес кај струмичките земјоделци за владините мерки за поддршка
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини