Најмалку седуммина загинати во невреме во Германија
Најмалку седум лица загинаа во бурата Ксавиер, проследена со силни ветрови, која вчера ја погоди северна и источна Германија, уривајќи дрвја и кранови и го прекина железничкиот сообраќај, јави ДПА.
Во Хамбург, едно дрво паднало врз автомобил во кој имало две жени. Едната жена загина, а другата е примена во болница. Неколкумина возачи починаа од паднати дрва во провинцијата Мекленбург-Долна Померанија, во областа Бранденбург и во Берлин, каде исто така има повредени во невремето.
Железничкиот сообраќај во северна Германија беше блокиран поради паѓање на дрва на шините, соопшти „Дојче Бан“. Одредени возови на исток на земјата не се вклучија во сообраќајот, а со работа запре и градската железница Ес-бан во Берлин.
Пожарникарите во главниот град со аларм во 19 часот, беа повикани во Хамбург за да укажат помош на 800 различни локации. Силните ветрови со брзина и до 140 километри на час, вчера попладне го погодија северниот пристанишен град и потоа се пренасочија кон Берлин и провинциите Саксонија и Саксонија-Анхалт.
По кратка пауза во попладневните часови, аеродромите во Берлин повторно работеа во текот на ноќта.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток