Балкан
6. October 2016 - 18:05

Најмалку петмина повредени во експлозија во Истанбул

Пет лица  се повредени, од кои едно е во тешка состојба, при експлозија што се случи во близина на полициска станица во Истанбул.

Се претпоставува дека експлозијата била предизвикана од автомобил-бомба.

Инцидентот се случи во истанбулскиот кварт Јенибосна при што е предизвикана материјална штета и на околните објекти.

Според очевидци по експлозијата се слушнале и истрели.

- Истата полициска станица беше мета на терористички напад и пред четири години, јави Си-Ен-Ен Турк.