Свет
16. April 2021 - 10:45

Најмалку осуммина убиени и 60 повредени во оружен напад во Индијанаполис

Во масовна пукотница во американскиот град Индијанаполис доцна синоќа по локално време во простории на компанијата Федекс во близина на меѓународниот аеродром, биле убиени најмалку осум лица, а напаѓачот се самоубил, јавија американски медиуми.

Убиените биле пронајдени во објектот. Најмалку 60 други лица се повредени и пренесени во локалните болници. Во објектот на Федекс работат окоу 4.000 лица.

Полицијата претпоставува дека напаѓачот се самоубил

Портпаролката на полицијата во Индијанаполис, Џејн Кук нагласи дека не веруваат оти постои активна закана за заедницата.