Свет
6. November 2023 - 12:23

Најмалку осум лица загинаа во снежните бури во Монголија

Најмалку осум лица загинаа во снежните бури во Монголија од петокот, објавија британските медиуми, повикувајќи се на властите.

Тешките временски услови зафатија неколку провинции, а спасувачките екипи трагаат по вкупно 46 лица. Најлоша е ситуацијата во Централна Монголија, каде снежната покривка достигнува дебелина од 34 сантиметри.

Невремето се очекува да продолжи оваа недела во поголемиот дел од земјата, вклучувајќи го и главниот град Улан Батор.

Властите ги повикуваат луѓето кои работат на отворено да преземат дополнителни безбедносни мерки.

Ново на Сител