Најмалку две лица повредени во масовниот напад со дронови врз Киев
Русија во текот на ноќта го изврши најголемиот напад со беспилотни летала врз главниот град на Украина, Киев, соопшти утрово украинското воздухопловство.
Во соопштението се наведува дека биле лансирани рекорден број беспилотни летала Шахед од иранско производство. До сега има двајца повредени во областа Соломјанск.
Двајцата добија медицинска помош на самото место, напиша градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко на Телеграм. Во истиот кварт беа регистрирани неколку пожари, вклучително и еден во градинка.
Остатоци од беспилотни летала соборени од украинската противвоздушна одбрана паднаа и во областа Печерск.
Украинското Министерство за енергетика соопшти дека со поради рускиот напад врз Киев исклучена е струјата на надземниот далновод и дека 77 станбени згради и 120 институции останале без напојување со електрична енергија.
Ново на Сител
-

Приведени три лица во Гостивар, пронајдена дрога во возило кое било нерегистрирано | ФОТО
-

Полска затвори два аеродрома поради руските напади врз Украина
-

Трамп: Се водат многу добри разговори за Украина, нешто може да се случи
-

Зеленски: Русија ја нападна Украина со 400 дронови и 40 ракети
-

Трамп ги укинува дополнителните тарифи за Индија по договорот за руска нафта
-

ЗОИ 2026: Швајцарскиот женски хокеарски тим изолиран поради норовирус
-

Најмногу врнежи во Kрушево, на Попова Шапка 55 сантиметри снег
-

Македонските спортисти продефилираа на свеченото отворање на ЗОИ 2026
