-->
-->
Најмалку девет цивили загинаа во воздушен напад во источен Авганистан
-->
Најмалку девет цивили загинаа во воздушен напад врз источната авганистанска провинција Логар, соопштија денеска локалните власти, пренесе ДПА.
Меѓу загинатите во инцидентот, што се случи рано утринава во областа Бараки Барак, има и шест деца, за ДПА изјави членот на провинцискиот совет Логар, Хума Ахмади.
Шест цивили, исто така, се повредени во бомбардирањето, рече таа.
Првиот човек на провинцискиот совет на Логар, Хасибулах Станаџаи, го потврди инцидентот.
Според Ахмади, областа во која се случи бомбардирањето е под контрола на талибанците.
Се уште е нејасно кој го изврши воздушниот напад, кажаа двајцата претставници на локалниот совет.
Американските и авганистанските сили ги зголемија своите воздушни напади од минатата година, јави ДПА.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024
-
Годишнина од масакрот во училиште во Белград
-
Парламентарни избори 2024
-
Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок
-
Денес е Велики петок - Охрид во очекување на Христовото воскресение
-
Финишира предизборната кампања
-
Скапа ќе биде велигденската трпеза
-
Преглед на вестите од светот