Свет
7. October 2019 - 21:52

Најмалку десетина загинати во самоубиствен напад во Авганистан

Најмалку 10 лица загинаа, а 27 се повредени во самоубиствен бомбашки напад врз мини автобус кој превезувал регрути кон градот Џалалабад, во источен Авганистан, соопшти локалната власт.

Покрај регрутите, меѓу жртвите се и цивили, меѓу кои и едно дете, пренесува „Ројтерс“.

Некои од повредените се во критична состојба.

Бомбата експлодирала во возило кое личело на рикша.

Ниту една група не презеде одговорност за нападот, но во Џалалабад во последните години милитантите на Исламската држава извршија серија напади врз владините канцеларии, училиштата и хуманитарните организации, пренесува „Ројтерс“.