-->
-->
Најмалку четворица мигранти загинаа во сообраќајна несреќа во Хрватска
-->
Во сообраќајна несреќа кај Сињ во Хрватска утрово загинаа четири лица за кои полицијата се сомнева дека се мигранти, а уште неколку се повредени.
Како што јавија хрватските медиуми помеѓу загинатите е и дете на 14-годишна возраст.
Според медиумите, за време на полициската потера од Триљ кон Брназ, автомобил „Ауди“ со унгарски регистарски таблички, бегајќи од полицијата, поради несоодветна брзина удрил во ѕид од трафостаница при што загинале четири лица.
Во сплитската болница се пренесени пет лица со тешки повреди меѓу кои и дете. Сплитската полиција соопшти дека патничкото возило излетало од патот, а потоа удрило во ѕид.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова: Разговорот со Радев беше пријателски и со почит, ни за миг не ги заборавив македонските национални интереси
-
Дел од општина Центар утре без вода
-
САД со санкции против конзорциумот Intellexa кој продавал шпионска технологија на авторитарните режими
-
Бугарскиот амбасадор ја одбил протестната нота, усно изразена загриженост поради отстапувањето од договорениот протокол и побарано дополнително објаснување
-
Бајден: На американската тајна служба и треба повеќе помош и работна сила
-
Градоначалникот на Белград повторно зборува за селење на гробот на Тито од Куќата на цвеќето
-
Осомничениот за обидот за убиство на Трамп пред федералниот суд на Флорида
-
Тепачка помеѓу две сестри во Скопје