Најмалку четири лица исчезнати во големите поплави во Канада
Најмалку четири лица се водат како исчезнати, по катастрофалните поплави што зафатија делови од Канада, јавуваат локалните медиуми.
Полицијата во провинцијата Квебек, на истокот од земјата, уште од петокот трага по маж и дете кои биле во автомобил што надојдените води го одвлекле во реката која ги предизвикала поплавите.
Во провинцијата Британска Колумбија, на другиот крај од Канада, роднините и властите не знаат ништо за судбината за две машки лица, од кои едниот е раководител на противпожарната служба, закои се трага веќе три денови.
Полицијата стравува дека и во двата случаи, станува збор за првите жртви на годинешниве поплави.
Освен Квебек и Британска Колумбија, со поплави се зафатени и провинциите Онтарио и Њу Брунсвик, како и регионот на главниот град Отава.
Квебек кој е најтешко погоден, откако оваа пролет беше зафатен со обилни врнежи од снег помешан со дожд и од дожд, што предизвика забрзано растење на нивото на реките.
Во провинцијата се поплавени 146 општини, 2500 домови, како и над 400 патишта кои се забранети за сообраќај. Нивото на водата во некои делови е до околу еден метар, а досега се евкуирани над 1500 лица.
Жителите на овие реони користат чамци за префрлање од еден во друг дел, а училиштата се затворени во голем број општини.
Повеќе од 1700 војници на канадската армија се вклучија во помагањето на населението, заедно со специјалните спасувачки екипи.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228