Најмалку 76 полицајци се повредени во судири со антиглобалисти во Хамбург
При судири со учесници на протестите на антиглобалистите во Хамбург, минатата ноќ се повредени најмалку 76 полицајци.
До судирите дојде откако група екстремистички левичарски активнисти фрлале со шишиња, петарди и други предмети врз силите на редот. Полицијата возвратила со водени топови и солзавец.
- Станува збор за полесни повреди, наведе претставничка на германската полиција.
Се уште продолжуваат судирите во различни делови на Хамбург.
Антиглобалистите се поделиле во неколку групи во градот и при движењето предизвикуваат материјални штети.
Демонстрантите носеле трансапренти до натписи „Уништете ја Г-20“ и „Добредојдовте во пеколот“.
Синоќа околу 22.30 часот неколку илјади лица одржаа мирни протести против Самитот на групата Г-20.
Германската полиција ги предупреди жителите на излегуваат од своите домови доколку не е неопходно.
Ново на Сител
-
ЦУК: Седум пожари и 1.837 повици на 112 во последното деноноќие
-
СДСМ: Минималната плата мора да продолжи да расте, го поддржуваме ССМ во барањата
-
Убиство во Тетово
-
Алтернатива ќе избира претседател на партијата
-
Четврто собрание на Алијансата на Албанците
-
Хамас го прифати предлогот за преговори за ослободување на израелските заложници
-
Евакуирани речиси 5800 луѓе поради пукање на брана во Кина
-
Бајден: Само Господ може да ме отстрани од претседателската трка