Loading Video...
Свет
23. February 2020 - 21:47

Најмалку 7 лица, од кои три деца, загинаа во земјотресот кој рано утрово го погоди регионот на турско – иранската граница.

Земјотресот бил со интензитет од 5,7 степени по Рихтеровата скала, а во погодените села има урнати куќи.

Земјотресот се случи на 101 километар источно од градот Ван, во Турција и 32 километри северозападно од иранскиот град Салмас. Земјотресот бил на длабочина од пет километри. Според изјави на лица од локалното население, земјотресот траел околу 15-25 секунди.

Техеран соопшти за 25 повредени од кои 10 се хоспитализирани.

Најмалку седум последователни земјотреси помеѓу 2,3 и 3,7 по Рихтер беа регистрирани во областа.