Најмалку 50 лица починаа во студениот бран во Азија
Најмалку 50 лица настрадаа на Тајван, додека во Јужна Кореја 60 илјади туристи беа принудени да останат во таа земја поради откажување на летовите, како последица на студениот бран, кој ја погоди источна Азија.
Најголем дел од починатите на Тајван се стари луѓе, кои настрадале од хипотермија и кардиоваскуларни болести поради ненајдејниот пад на температурите за време на викендот.
Во северниот дел на Тајван за време на викендот беа измерени четири степени Целзиусови, а голем број куќи немаат централно греење.
Поради снегот затворен е аеродромот на јужнокорејскиот остров Чеџу. Во Јужна Кореја се откажани 500 домашни и меѓународни летови, а температурата достигна минус шест степени.
Локалните власти се обидуваат да ги сместат туристите кои останале заробени на аеродромот.
Студен бран ги погоди и Хонг Конг, јужниот дел на Кина и Јапонија. Во Хонг Конг температурата изнесуваше три степени, што е најниска изминативе 60 години.
Во делови на Гуагџоу и Шенџен, во јужна Кина паѓаше снег, што е мошне ретко, додека на јужниот јапонски остров Окинава првпат се појави лапавица.
Снежни бури погодија и големи делови на Јапонија, каде се откажани над 600 домашни летови.
Во Јапонија настрадаа најмалку пет лица, додека повеќе од сто се повредени.
Ниски температури се забележани и во Виетнам и на Тајланд, а во Ханој се измерени само шест степени, додека во Бангкок, каде ретко се случува температурата да падне под 20 степени, измерени се 16.
Ново на Сител
-
Кривична за 28-годишен Стружанец, со посебен уред ги намалувал потрошените киловати струја во угостителски објект
-
Симулациска вежба на македонската и грчката полиција за прекугранична контролирана испорака
-
Раководството на Милан разочарано од Ернандез
-
Астон Мартин ниту демантира ниту потврдува за интересот на тимот за Верстапен
-
Сингер: Беше потребно време да се убеди Синер да ја прифати суспензијата од ВАДА
-
Белингем казнет со два натпревари поради вербален напад на судија
-
Уставниот суд поведе постапка за оценување на стажот на членовите на Советот на јавни обвинители
-
Три странски влади имале планови да предизвикаат физичка штета на државјани на Австралија, вели шефот на австралиското разузнавање