Најмалку 45 повредени во судирот меѓу демонстранти и полицијата во Ереван
Во судир меѓу ерменската полиција и демонстрантите ноќеска во Ереван се повредени 45 лица, Демонстрантите протестираа пред полициската станица, која пред неколку дена беше заземена од вооружени лица.
Меѓу повредените 25 се полицајци, информира ерменското Министерство за здравство, пренесе ТАСС.
Демонстрантите, кои протестираа пред полициската станица во ерменскиот главен град, врз полицајците фрлаа камења, додека припадниците на полицијата одговорија со истрели на предупредување и шок-бомби.
Во судирот тешко е повреден лидерот на Социјалистичката партија на Ерменија, Мовсес Шавердијан (64), наведува ТАСС.
Во еден момент полицијата ја оттурнала масата на одалеченост од околу 80 метри од зградата, пренесоа руските медиуми.
Полицијата вчера доведе дополнителни сили во близина на заземената зграда. Подоцна пред полицискиот кордон се одржа акција во која учествуваа околу 200 лица. Демонстрантите планирале на полицијата да не и дозволат да ја спроведе специјалната операција против вооружената група, која ја зазеде зградата на полицијата, јавија руските медиуми.
Вооружената група на 17 јули ја зазеде зградата на полицијата и како заложници задржа неколкумина полицајци во Ереван.
Групата, која и натаму ги држи заложниците, го бара ослободувањето на Чирајро Сефилијан, опозициски политичар и основач на новиот ерменски Фронт за народен спас. Сефилијан, кој учествувал во судирот во Нагорно-Карабах, во периодот 1988 - 1994, обвинет е за нелегална набавка и посување оружје.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и врски
-
Aнгелов: Законот за бранители на Славјанка Петровска е кукавичко јајце кој во реалноста не може да се спроведе
-
Академијата за судии и обвинители ќе добие нов директор, во трка седуммина кандидати
-
ЕСM: Цевководот под Беласица ќе биде поставен во наредните неколку месеци
-
СДСМ: Со ВМРО-ДПМНЕ просечната плата паѓа
-
Инспектори казнуваат и се уништува небезбедна храна
-
Реформи во судството ќе има со политичка воља, во спротивно ќе останат само на хартија
-
Античка Стибера останува под земја