Свет
7. January 2017 - 14:27

Најмалку 43 загинати во бомбашки напад во сирискиот град Азаз, на границата со Турција

Најмалку 43 лица, од кои повеќето цивили, загинаа денеска во бомбашки напад во сирискиот град Азаз, на границата со Турција, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

Во нападот, кој бил извршен со автомобил-бомба пред зградата на судот, каде се наоѓа и пазар, повредени се десетици лица.

Според сирискиот центар, чие седиште се наоѓа во Велика Британија, меѓу жртвите има и шест бунтовници.

Во ноември минатата година, 25 лица загинаа во напад во Азаз, кој се наоѓа под контрола на сириските бунтовници во провинцијата Алепо. Тогаш бунтовниците за нападот ја обвинија Исламска држава, која е активна во другите делови на сириската провинција Алепо, а претходно се обидувала да го преземе и Азаз.