-->
-->
Најмалку 42 загинати во два бомбашки напади врз силите за безбедност во сирискиот град Хомс
-->
При два бомбашки напади извршени од бомбаши-самоубијци во штабот на владините безбедносни сили во градот Хомс во централна Сирија убиени се најмалку 42 лица, а десетици се повредени, јави сириската државна телевизија.
- Во зградата во центарот на третиот по големина град во земјата се наоѓаат канцелариите на службата за државна безбедност и на военото разузнавање на режимот на Башар ал Асад, изјави Рами Абдел Рахман, директорот на Сириската опсерваторија за човекови права.
Рахман наведе дека во нападот учествувале најмалку шест лица.
Освен експлозиите се слушало и пукање, а при нападите бил убиен и висок офицер.
Засега не е јасно дали напаѓачите се припадници на Исламската држава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата