Најмалку 407 загинати при земјотресот во реонот на ирачко-иранската граница
Бројот на загинати во земјотресот што синоќа го погоди реонот на иранско-ирачката граница, во иранската провинција Керманшах, се искачи на 407 лица, а повредени се приближно 6.700 луѓе, соопштија иранските спасувачките служби.
Епицентарот на земјотресот со интензитет од 7,2 степени според Рихтеровата скала бил во Ирак, во близина на границата со Иран, на околу 50 километри од иранскиот град Сарпол е Захаб, каде загинаа 280 луѓе. Во соседниот округ Далаху сто проценти се уништени неколку села.
Иранската Влада испрати 22.000 шатори, 53.000 ќебиња, 17 тони ориз, 100.000 конзерви и 200.000 шишиња вода во погодените региони.
Земјотресот бил почувствуван и во Багдад и неколку ирачки провинции, каде загинаа осум лица, а повредени се 336 луѓе.
По првиот потрес од 7,3 степена според Рихтерова скала, имало 50 последователни потреси со интензитет од 3,6 до 4,7 степени, а се очекува да има уште.
Ново на Сител
-
Наместо 5.000 денари, пензионерите во септември ќе добијат 2.500, а останатите во март
-
Борисов со нови закани, Мицкоски вели дека изјавите му се застарени
-
Синдикатот на полицијата со кривична против Оливер Спасовски
-
Преглед на вестите од светот
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари