Loading Video...
Свет
27. January 2018 - 19:08

Најмалку 40 лица загинаа, а 150 се повредени во експлозија во Кабул

Најмалку 40 лица загинаа, а 150 се повредени во експлозија на бомба во возило на  Итна медицинска помош на полициски пункт во Кабул, недалеку од квартот каде се наоѓаат амбасади и владини институции.Возилото на Итната помош се приближило на пунктот во близина на Високиот совет за мир и потоа експлодирало. Десетици повредени се префрлени во болница. Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот.

АЛБАНСКАТА ОПОЗИЦИЈА ОДРЖА ПРОТЕСТИ  ПРОТИВ ВЛАДАТА  НА ЕДИ РАМА

Албанската опозиција одржа масовни антивладини протести во кои се обвинува владиниот кабинет  за поврзаност  со организираниот криминал и повика на негова оставка.Илјадници поддржувачи  од целата земја на централнодесничарската Демократска партија, нејзиниот сојузник, левичарското Социјалистичко движење за интеграција и други помали партии го започнаа протестот  на пладне на главните булевари на Тирана . Околу 1500 полицајци со целосна опрема го обезбедуваа протестот.  

СНЕЖНА БУРА ВО КИНА

Снежната бура  што погоди делови од Кина, предизвика затворање на многу автопатишта,а прекинат е  и фудбалски натпревар  .Три железнички станици во Вухану, откажале повеќе од стотина поаѓања на возови. До пладне, откажани се 95 авионски летови на меѓународниот аеродром „Вухам Тианхе“ поради што 1.200 патници останаа да чекаат на аеродромот.Националниот метеоролошки центар за денеска прогласи портокалова фаза, од снежна бура во средишниот и источниот дел од земјата.