Најмалку 4 жртви во тетовскиот крај
Со расчитување на наносите од земја, дрва и камења се правеа обиди денес да се стабилизира состојбата во тетовските села, каде поради вчерашното невреме животот го загубија 4 лица од кои три деца,а уште две лица од кои едно е шестгодишно девојче се бараат како исчезнати.
Има и десетици повредени меѓу кои има и задржани на болничко лекување.
Најпогодено село е Шипковица каде има најногу загинати како и затрупани куќи и патишта од наносите поради водената стихија.
Во Голема Речица, според општината, поплавени се стотина куќи, а оштетен е системот за водоснабдување.
Поради наноси од земја, кал и дрва затрупан е патот кон Порој и кон месноста Бањиче.
Поплавени станбени и деловни простории има во Тетово, како и селата Фалише и Доброште од каде денес се отстрануваше надојдената вода.
-

Александар Самарџиев
Сите содржини од овој новинар
