-->
-->
Најмалку 38 жртви од удари на гром во Индија
-->
Најмалку 38 лица настрадаа од удари на гром во две индиски држави во изминатите 24 часа, соопштија денеска локалните власти.
Во западната држава Раџастан 11 лица загинаа од гром кај античката тврдина Амбер, соопшти полицијата. Висок полициски инспектор изјави дека некои од жртвите правеле селфи кога доцна синоќа ги погодил гром додека во одделни удари на гром беа убиени уште најмалку девет лица, а 20 биле повредени.
Во Утар Прадеш загинаа 18 лица, претежно земјоделци кои работеле на нива, изјави владин претставник.
Владите на двете држави најавија финансиски надомест за семејствата на жртвите и повредените.
Индиската метеоролошка служба предупреди на удари од гром и во следните два дена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Европскиот фронт ќе оди со заеднички листи
-
Се планира довршување на заградите во капмпусот на УКИМ
-
20 години агенција за радијациона сигурност
-
Преглед на вестите од светот
-
Tема на денот со Владимир Божиновски
-
Средба Мицкоски-Таравари за иднината на Алијанса во Владата
-
Средба Мицкоски-Таравари за иднината на Алијанса во Владата
-
Партиите забрзано се подготвуваат за изборите