Најмалку 37 загинати во вооружени судири меѓу Друзи и бедуини во сирискиот град Сведа

Најмалку 37 лица загинаа, а повеќе од 100 беа повредени во вооружени судири меѓу локалните воени групи и племиња во градот Сведа, на југот на Сирија, соопшти денес сириското Министерство за внатрешни работи.
Меѓу настраданите има и две деца.
Според британските медиуми, судирите избувнале во градот Сведа, претежно населен со Друзи, а според досегашните податоци, бројот на жртви може да биде поголем.
Сириските власти објавија дека испратиле сили директно да интервенираат за да го запрат конфликтот на југот од земјата, во близина на границата со Јордан.
Сирискиот Центар за мониторинг на човекови права, со седиште во Лондон, вчера соопшти дека најмалку 37 лица загинале во конфликтот меѓу бедуинските племиња и локалните борци, од кои 27 биле припадници на друзиската религија, а 10 биле бедуини.
Судирите се случиле во една населба од градот Свејда во истоимената покраина.
Гувернерот на регионот, Мустафа ал-Бакур, и неколку водачи на Друзите ги повикаа жителите на воздржаност и побараа интервенција од централната влада.
Ново на Сител
-

Семејните лекари во Македонија се уште со ограничени ингеренции
-

Помала државна партиципација за реновирани студентски домови, нови квоти за стипендии
-

Како да се надмине родовиот јаз помеѓу мажите и жените?
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски на одбележување на 150 години од Разловечкото востание
-

Како да се надмине јазот помеѓу мажите и жените на работните места
-

Струмица ја проширува гасоводната мрежа
-

„Клепало“ по две децении конечно пред отворање
