Најмалку 25 луѓе загинаа во двоен самоубиствен напад во Кабул

Најмалку 25 луѓе загинаа попладнево во авганистанскиот главен град Кабул, при експлозија на два автомобил-бомби, во кои се наоѓале бомбаши-самубијци, јави ДПА.
Според очевидците, бројот на загинати и повредени лица можно е да е двојно поголем.
- Тринаесет лица се хоспитализирани, изјави портпаролот на авганистанското Министерство за здравство.
Претставникот на локалната полиција Ахмад Вали Сабури соопшти дека автомобил марка „Тојота“, натовраен со експлозив, експлодирал во близина на зградата на авганистанскиот Парламент. По пристигнувањето на припадници на безбедносните сили и екипи на брзата помош, на истото место експлодирал и вториот автомобил-бомба.
Набрзо по двете експлозии се огласи претставникот на талибанците Забиула Муџахид, кој презеде одговорност за двојниот напад во името на оваа исламистичка организација.
Муџахид посочи дека цел на нападот биле вработени во авганистанското разузнавање кои патувале со минибус.
Ново на Сител
-

Министерството за здравство и ОЈО ќе проверуваат дали несоодветно лекување е причина за смртта на новороденче на ГАК
-

Вработените во пералната на Клинички 11 месеци без плата и здравствено осигурување
-

Сомнеж за злоупотреба на речиси 2 милиони евра во Државна лотарија, утврди Заводот за ревизија
-

ЕВН бара поскапување на струјата од 6%, по Нова година
-

Преглед на вестите од светот
-

Коцевски поднесе оставка пред собраниската седница за негово разрешување
-

Собранието ја констатираше оставката на Коцевски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Никој нејќе да биде дел од раководството на СДСМ, Филипче да поднесе оставка
