Најмалку 24 деца загинаа во сообраќајна несреќа во Индија
Најмалку 24 деца загинаа во севрна Индија, а исто толку се и повредени во директен судар на училишен автобус и камион што превезувал песок.
Сообраќајната несреќа се случи во северната индиска држава Утар Прадеш.
Според полицијата настрадале деца на возраст од три до 12 години, кои посетувале училиште во местото Етах.
За време на несреќата видливоста била намалена поради густата магла.
Властите издале наредба поради исклучително студеното време да се затворат сите училиште во областа, а полицијата ќе испита зошто училиштето не ја почитувало наредбата.
Според податоци на Министерство за сообраќај минатата година во Индија загиначле речиси 150.000 луѓе, што во просек е по 400 лица дневно.
Индискиот премиер Нерендра Моди на Твитер изрази сочувство до семејствата на жртвите.
Ново на Сител
-
Две третини од граѓаните на лето се ладат во автобуси и трговски центри оти немаат пари да го изладат домот
-
Нема операции, пациенти си одат дома без интервенции
-
Одложено судењето за Мерко
-
Преглед на вести од светот
-
Аудиција за Ѕвездите на Гранд
-
Преглед на вестите од светот
-
Нов обид да се избере претседател на Уставниот суд
-
Дали ќе се продолжи дневната евтина тарифа на струјата за уште еден час?