Свет
12. July 2016 - 22:59

Најмалку 23 жртви во железничката несреќа во јужна Италија

Во сударот на два патнички воза во јужната италијанска област Пуља загинаа 23 лица, пренесе ТАСС.

Претходно властите информираа за најмалку 20 починати и над 50 ранети. Можно е бројот на загинати дополнително да се зголеми.

Меѓу загинатите е и машиновозачот на еден од возовите.

Двата патнички воза се судрија претпладнево, околу 11 часот по локално време, меѓу населените места Корато и Андрија, во околината на административниот центар на областа Пуља, градот Бари.