Најмалку 23 лица загинаа во поплави во Западна Вирџинија, а двајца во пожар во Калифорнија

Најмалку 23 луѓе ги загубија своите животи во поплави кои ја зафатија американската држава Западна Вирџинија, изјави директорот на државниот оддел за внатрешна безбедност и управување со кризи, Џими Џанато.
- Десетици илјади луѓе останаа без електрична енергија, а оштетени или уништени се повеќе од 100 куќи, истакна гувернерот Ерл реј Томблин.
Спасувачките екипи успеале да извадат десетици лица кои останале блокирани на крововите од своите куќи или во возилата поради надојдената вода.
Голем број патишта се уништени, а водената стихија однела и многу мостови.
Во Калифорнија најмалку две лица загинаа, а стотици се евакуирани поради големиот пожар кој ги зафати шумските области во земјата. Огнот уништил повеќе од 12.000 хектари земјиште. Гувернерот Џери Браун прогласи вонредна состојба во округот Керн, каде според локалните власти е можно под урнатините на куќите да бидат пронајдени уште жртви.
Ново на Сител
-

УХМР: Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Силекс во Белорусија, Шкендија Тетово во Гибралтар на стартот од квалификациите од Конференциската лига
-

Папата Лав XIV го поздрави договорот меѓу САД и Иран за прекин на војната на Блискиот Исток
-

Меси: Имав среќа да ги остварам сите мои соништа, па и повеќе од тоа
-

Европскиот парламент треба да гласа за извештајот на Томас Вајц за Македонија
-

Осум години од потпишувањето на Договорот од Преспа
-

Народна банка: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот останува 2 процента
-

Поднесена кривична пријава за опожарувањето на дипломатските возила во Скопје
