Најмалку 23 африкански мигранти се удавија во бродолом кај Тунис
Најмалку 23 африкански мигранти се удавија во бродолом крај брегот на Тунис, додека се обидувале да го поминат Средоземното море на патот од Либија кон Италија, а 70 се спасени, соопшти туниската хуманитарна организација Црвена полумесечина.
Повеќе од 120 мигранти загинаа во последните неколку недели во слични инциденти во близина на Тунис, бидејќи со подобрувањето на временските услови се зголеми бројот на патувања од Тунис и Либија кон Италија со цел пристигнување во Европа.
„Морнарицата спаси 70 мигранти, додека 23 се удавија од брод со повеќе од 90 лица кои од Либија се упатија кон Европа“, изјави претставникот на Црвената полумесечина Монги Слим. Морнарицата спаси и 39 мигранти од друг брод што потона крај брегот на Сфакс.
Агенцијата за бегалци на ООН, УНХЦР соопшти дека оваа година помалку од 23.500 луѓе успеале да стигнат до Европа по морски пат, а повеќето пристигнувања се регистрирани во Италија и Шпанија од Тунис и Алжир.
Ново на Сител
-

Сиљановска‑Давкова: Нашата Армија е компатибилна и почитувана дома и надвор
-

Андоновска: Две недели има намалување на бројот на заболени од грип, но се уште е многу рано да се каже дека е надминат пикот
-

Николоски: Најдобар начин да обесхрабриме бесправно градење е некој да заврши во затвор
-

Мицкоски: Сè уште стои понудата за зголемување на платите што ССМ ја одби
-

Николоски: Одлични вести од Брисел, македонските возачи признаени како професионалци во ЕУ
-

Мерц: Европа треба да изнајде начин за да биде доминантна сила
-

Мицкоски: Средбите во Давос ќе имаат придобивки во повеќе сектори
-

Руски „Лукоил“ продаден на американци
