Свет
19. February 2016 - 18:22

Најмалку 22 загинати во бомбашки напад во Камерун

Најмалку 22 лица загинаа, а 105 други се ранети денеска, кога двајца бомбаши-самоубијци се саморазнеле на пазар во местото Меме во северниот дел на Камерун.

Гувернерот на регионот Далечен Север, Миџијава Бахари изјави дека напаѓачите биле облечени како продавачи на храна и дека се измешале меѓу луѓето присутни на пазарот.

Камерунските власти соопштија дека двајца напаѓачи планирале да извршат самоубиствен бомбашки напад и во едно учишпте во Токомбере, град во близината на Меме, но дека биле навреме откриени, по што ги активирале експлозивите што ги нсоеле на себе на еден километар оддалеченост од училишната зграда. При тоа загинале само напаѓачите.

Засега никој не презеде одговорност за нападите, но како што јавија западните медиуми, властите претпоставуваат дека зад нив стои екстремистичката група Боко Харам.

Според податоците на ОН, во последниве шест години во напади на Боко Харам во Нигерија, Камерун, Мали и Нигер загинале над 20.000 лица, а уште околу 2,8 милиони други биле принудени да ги напуштат своите домови.