-->
-->
Најмалку 22 загинати и 52 повредени во пожар на зграда во Тајван
-->
Најмалку 22 лица загинаа, а 52 се повредени во пожар што ноќеска зафати 13-катна зграда во јужниот дел на Тајван, јави ДПА.
Повредените се на возраст од осум до 83 години.
Во повисоките катови од зградата живееле околу 120 станари, додека долните биле ненаселени.
Според весникот „Ејпл дејли“, 12 лица биле најдени претходно без знаци на живот, по што се префрлени во болница каде е констатуирана смрт.
Зградата, стара 40 години, се запалила околу три часот наутро, соопшти противпожарната служба во градот Каосиунг.
Пожарот е изгаснат по повеќе од четири часа, а акцијата за пребарување и спасување е во тек.
Во тек е и истрага за причините за пожарот.
Според ејпл дејли 12 лица биле најдени претходно без знаци на живот, биле префрлени во болница каде е констатуирана смрт.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Анализа: Што ќе донесат последните посети на Мицкоски во Брисел?
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Не се знае дали студентите ќе имаат бесплатен превоз од први јануари, ЈСП не им ги продолжува билетите
-
Реформи веднаш за поголем економски раст
-
Директорката на Клиниката за деца “Козле” на состанокот кај Таравари ги негирала обвинувањата од 30 специјалисти
-
Преглед на вестите од светот
-
Скопјани се подготвуваат за викенд без вода
-
Артан Груби побарал укинување на притворот