Најмалку 20 лица загинаа во земјотрес во Пакистан
Најмалку 20 лица загинаа, а околу 150 се повредени во земјотресот што утрово ја погоди пакистанската провинција Белучистан, пренесуваат тамошните медиуми.
Пакистанските власти соопштија дека бројот на жртви може да се зголеми и дека многу луѓе загинале при уривање на дотраени згради, меѓу нив и голем број жени и деца.
Американскиот геолошки завод објави дека се работи за земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот на земјотресот бил на длабочина од девет километри.
Спасувачките операции се уште се во тек, а локалните власти изјавија дека се претпоставува дека се повредени најмалку 150 луѓе, а неколкумина се итно префрлени во болница во критична состојба.
Повеќе од 100 куќи се урнаа, а голем број згради беа оштетени, оставајќи стотици луѓе без покрив над главата, а итните служби се на терен, потврдија локалните власти.
Ново на Сител
-

“Клексан” и три други антикоагуланти од 1 јули се на позитивната листа и достапни во аптеките
-

По 25 години - нов етички кодекс за новинарите
-

Нов етички кодекс за пратениците - ќе се стави ли крај на навредите во Собранието?
-

Нов доказ во случајот со оддавање службена тајна
-

Преговори за Изборниот законик
-

Нови лекови на позитивната листа
-

Почна пријавувањето на штетите од пожарот во Пробиштипско
-

Производителите на пченица бараат да запре увозот
