Најмалку 18 загинати и над 50 исчезнати во поплави и лизгање на земјиште на Филипините
Најмалку 18 лица загинаа денеска, а повеќе од 50 се водат како исчезнати во поплави и лизгање на земјиштето, предизвикани од тропската бура Тембин која го погоди јужниот дел на Филипините, јави ДПА.
Над 15.000 луѓе се евакуирани поради бурата, која ја зафати јужната област Минданао со брзина на ветрови од 90 километри на час, а на почетокот од денов достигнуваа и до 125 километри на час.
Во градот Тубод, во провинцијата Ланао дел Норте, едно земјоделско село е погодено од поплави и лизгање на земјиштето, при што се зафатени 100 куќи. Во невремето загинаа најмалку 11 лица, соопштија локалните власти.
- Повеќе од 50 жители се водат како исчезнати во селото, изјави Рој Сикуја, шеф на провинциската агенција за помош при катастрофи.
Во соседната провинција Ланао дел Сур, седум лица загинаа при поплави во три градови, додека четворица се водат како исчезнати.
Минатата недела над 50 луѓе загинаа при лизгање на земјиштето и поплави, предизвикани од тропската бура Каи-Так, која ги погоди централните делови на Филипините.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација