-->
-->
Најмалку 16 загинати во тајфунот „Гони“ на Филипините
-->
Бројот на жртви во тајфунот „Гони“, најсилниот кој оваа година ги погоди Филипините, се зголеми на 16, објави филипинската Агенција за справување со катастрофи.
Тајфунот донесе силни ветрови, дождови и поплави што однесоа најмалку десет животи во провинцијата Албај. Шест лица загинаа во Кантадуани. Три лица се водат како исчезнати во провинциите јужно од главниот остров Лузон.
Гони, 18-тиот тајфун што ги погоди Филипините оваа година, уништи скоро 80 проценти од куќите во неколку градови во Кантадуанес, а покраината во која живеат околу 275 000 луѓе е практично „отсечена“.
Повеќе од 300 куќи се уништени под карпи и магма од вулканот Мајон.
Гони е најсилниот тајфун што се појави во светот оваа година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Модриќ потпиша за Милан
-
На 36 години почина македонскиот гитарист и професор Кристијан Волчев
-
Возел 197 на место каде дозволено е 80, приведен 29 годишен битолчанец
-
Страшни поплави низ Њујорк, во Њу Џерси прогласена вонредна состојба
-
Работна посета на министерот Муцунски на Обединетото Кралство
-
Претрес во Радовиш, пронајдена дрога
-
Потпишување на грант-договор со ЕБРД
-
Електронско пријавување за сместување во студентските домови од денеска до 31 јули