Свет
1. November 2017 - 17:39

Најмалку 16 загинати при експлозија во електроцентрала во Индија

Најмалку 16 лица загинаа, а околу сто се повредени при експлозија на котел во електроцентрала во индиската сојузна држава Утар Прадеш, соопшти полицијата.

Според полицискиот службеник Адити Мишре можно е да се зголеми бројот на жртви, бидејќи околу 20 работници се здобиле со тешки изгореници.

Спасувачки екипи се на местото на несреќата, а елктричната централа е затворена.

 

Електроцентралата е во сопственост на најголемиот индиски снабдувач со електрична енргија „НТПЦ Лтд“.