Најмалку 16 загинати и 11 уапсени во судир меѓу завојуваните картели во Мексико
Во престрелка меѓу два ривалски нарко картела во мексиканската држава Гереро вчера загинаа 16 лица, соопштија властите.
Завојуваните картели се судрија во рурална, планинска област на државата, во последните неколку години буквално е претворена во бојно поле.
Локалната полиција била изненадена во нападот, па двајца полицајци загинале, а четворица се повредени, соопшти мексиканското Министерство за одбрана.
Британските медиуми јавиваат дека по укажаната помош ранетите полицајци се наоѓаат во стабилна состојба.
На нападот одговори и Националната гарда која се наоѓала во близина, а тројца нејзини воени офицери, исто така, биле ранети, додаде Министерството.
Се претпоставува дека 14 од загинатите се членови на криминални групи, а 11 лица се уапсени.
Ново на Сител
-
Лицата на приматели на семејна пензија можат да работат
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Пожарникарите бараат измени во законот
-
Парламентот ги констатираше оставките на Таравари, Беџети и Исмаили
-
Премиерот потврди: Здравство останува во Вреди
-
Дали ќе има независни кандидати на локалните избори? Уставен ги укина спорните одредби на изборниот законик
-
Уставен суд: Скандал е поништениот избор за уставен судија
-
Дел од Македонија повторно без струја