Свет
3. January 2016 - 13:21

Најмалку 15 убиени во самоубиствен напад врз воена база во Ирак

Најмалку 15 припадници на ирачките сили за безбедност се убиени во напад на петмина бомбаши-самоубијци врз воена база северно од Багдад. Во нападот се ранети 22 лица. 

Двајца од напаѓачите ги активирале своите автомобили бомби пред задниот влез на Кемп Спајкер, поранешна американска база во околината на сунитскиот град Тиркит.

Другите тројца се кренале во воздух откако влегле во базата, во која се врши обука на ирачките полицајци.

„Исламска држава“ ја презеде одговорноста преку соопштениие објавено на Интернет.