Свет
13. February 2016 - 15:31

Најмалку 15 повредени при грабеж во казино во Франција

Најмалку 15 луѓе се повредени минатата ноќ за време на грабеж во казино во градот Екс-ан-Прованс во јужна Франција, што го извршиле четири вооружени лица, јави денеска француските медиуми.

Шефот на регионалната полициска управа Лоран Нине изјави дека полицијата трага по четворицата напаѓачи, кои вооружени со автоматски пушки упаднале во казиното „Пасино“ во кое во време на грабежот имало околу 700 лица.

Според Нине, крадците истрелеле неколку куршуми во воздух, при што се созадала паника меѓу присутните кои навлиле кон излезите. Во навалицата што се созадаја најмалку 15 лица се здобиле со полесни повреди. 

Нине потенцира дека грабежот „апсолултно не е терористички акт“, туку обичен криминален чин. Тој не соопшти колку пари украле напаѓачите од казиното. 

Ново на Сител