Најмалку 13 полицајци загинаа во вооружен напад во јужно Мексико

Најмалку 13 полицајци се убиени во вооружен напад што денеска се случи во јужно Мексико, јавија локалните медиуми.
Меѓу жртвите е и началникот на локалната полиција во градот Којука де Бенитез, соопшти канцеларијата на јавниот обвинител на државата Гереро. Мотивот за нападот се уште не е познат.
Полицајците се движеле со неколку возила кога биле нападнати од заседа, јавуваат медиумите.
Којука де Бенитез се наоѓа на брегот на Пацификот, каде што неколку криминални групи се борат за контрола на патиштата за шверц на дрога.
Претходниот полициски началник поднесе оставка во јануари по обидот за атентат врз него. Мексико, земја со 126 милиони жители, со години страда од висок криминал и широко распространета неказнивост.
Приближно 32. 000 убиства биле пријавени во земјата во 2022 година. Повеќето од злосторствата никогаш не се расветлени.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Намалувањето на ДДВ дава резултат, во понеделник очекувам поевтинување на бензините
-

Трамп најави дека Куба е „следна“
-

Прекумерната тежина е сериозна хронична болест во Македонија
-

Во Македонија горивата до 30 отсто поевтини отколку кај соседите
-

Во Турција уапсен претседател на македонски фудбалски клуб, шверцувал злато
-

Почнува летното сметање на времето
-

Можно ограничено влијание од кризата кај дел од дестинациите од домашните аеродроми
-

Трамп се закани со повлекување на поддршката за НАТО поради „нелојалноста“ на Европа
