Најмалку 11 повредени во пожар во Тирана

Најмалку 11 лица се повредени во голем пожар што вчера го зафати станбено-деловниот комплекс „Арлис“ во Тирана, а пожарникарските екипи успеаја да го локализираат огнот и да го спречат неговото ширење на околните згради, соопштија локалните надлежни служби.
Директорот на Службата за вонредни состојби на Албанија, Арбен Кара, изјави дека пожарот е ставен под контрола и оти е спречено негово понатамошно ширење на блиските станбени кули. Тој, како што пренесуваат албанските медиуми, истакна дека пожарот го зафатил североисточниот дел на зградата од приземјето до последниот кат и оти е причинета голема материјална штета.
Кара наведе дека во гаснењето биле ангажирани сите расположливи капацитети, вклучувајќи повеќе од 50 пожарникари од Тирана и други градови, како и припадници на војската.
Директорот на Брзата помош, Скендер Братај, соопшти дека најмалку 11 лица се повредени, додавајќи дека една жена е хоспитализирана со изгореници кои зафаќаат околу 15 отсто од телото, но не е во животна опасност.
– Пет лица се задржани на токсикологија, а меѓу повредените има и пожарникари-информира Братај.
МИА
Ново на Сител
-

Арсовски: Реконструкцијата треба да е робусна, а СДСМ треба да се плаши од избори
-

Тема на денот со Петар Арсовски политички аналитичар
-

Повторно судење за врсничко насилство во Штип
-

Стојанче Јовановски осуден на максимални 12 години затвор
-

Инфлацијата во април - 5,7%, најголем скок кај цените на храната
-

РКЕ ќе анализа дали блоковите се правични
-

Идниот месец реконструкција на кабинетот на премиерот Мицкоски
-

Муцунски: Нема услови за уставни измени
