Македонија
1. October 2020 - 17:01

Најмалите ученици тргнаа на настава, но без ветената целодневна и со посебни протоколи

Со кратка приредба на наставничките почна првиот училишен ден за првачињата. Новата реалност ги подели дечињата во групи. Наместо да се запознаваат меѓусебно тие ги следат протоколите за заштита од вирусот. На врата им беше измерена телесната температура, ги дезинфицираа рацете и со маска на лице влегоа на првиот час. Учениците од прво до трето одделение доаѓаа во различни термини, нивните одделенија се поделени и еден по еден влегуваа во училница. Наставниците им посакаа добредојде со совет да одржуваат растојание меѓу себе.

На првиот училишен ден премиерот и министерката за образование беа во Основното „Јан Амос Коменски“ во О.Карпош. Целодневна настава се уште нема, но според Царовска тоа зависи од самите училишта кога ќе се подготват. 

„Организацијата на целодневната настава е во надлежност на училиштата, не на Министерството за образование. Секое училиште, на начин на кој мисли дека е најсоодветен, заедно со родителите ќе донесе одлука за одвивање на целодневната настава.“

Часовите се скратени и траат по триесет минути. Денеска е одржан само одделенскиот час. Годинава во прво одделение стартуваат 19 000 ученици но од нив дел ќе следат онлајн.