-->
-->
Најлудиот телефон до сега кој воошто нема ивици - сегде е екран го направи Ксиаоми!
-->
Кинеската компанија Ксиаоми го претстави новиот паметен телефон чиј екран воопшто нема ивици, се простира на целата предна страна. Се работи за телефон под име Ксиаоми Ми Микс.
Позадината на куќиштето и физичките тастери направени се од керамика, а овој паметен телефон доаѓа со екран од 6,4 инчи.
Звучниците и сензорите на предната страна користат нова технологија која овозможува нивно функционирање и преку екранот кој се простира на целата предна страна. Предната камера префрлена е на долната страна на телефонот, но тој може да се ротира се со цел корисниците да можат да направат нормлано селфи.
Ксиамо Ми Микс има најнов Снепдрагон 821 процесор, 4 ГБ РАМ меморија и 128 ГБ меморија за чување на податоци. Тука е и подршката за две сим картички, како и камерата од 16 мегапиксели.
Батеријата има капацитет од 4.000 МАХ.
Покрај основниот модел Ксиамо подготви и верзија со 6 ГБ рам и 256 ГБ меморија за податоци.
Ксиамо Ми Микс ќе може да се купи од 4-ти ноември а ќе чини 516 долари. Нажалост ќе биде достапен само на кинески пазар и не е познато дали ќе се појави во другите земји од светот.
Погледнете го видеото:
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер