Најголемите европски компании загубија 100 милијарди евра поради затворањето на бизнисите во Русија
Најголемите европски компании изгубија 100 милијарди евра од февруари 2022 година поради продажба, затворање или намалување на нивниот бизнис во Русија.
Според Фајненшал тајмс од годишните извештаи на 600 европски компании и нивните финансиски извештаи за 2023 година, произлегува дека 176 компании избегнале девалвација на нивните средства и дополнителни трошоци поради промената на бизнисот во Русија.
Во таа пресметка не се вклучени индиректните трошоци како што е поскапувањето на енергијата и стоките. Најголемите загуби се концентрирани во неколку сектори како што се енергетиката, автомобилската индустрија и финансискиот сектор.
Три компании од енергетскиот сектор – „БП“, „Шел“ и „Тотал енерџи“ објавија дека повлекувањето од Русија ги чинело околу 40,6 милијарди евра, но од ФТ велат дека овие загуби се надоместени со зголемувањето на профитот поради поскапување на нафтата и гасот.
Загубите на европската автомобилска индустрија изнесуваат 13,6 милијарди евра, додека финансискиот сектор – банките, осигурителните компании, инвестициските компании загубија 17,5 милијарди евра поради заминувањето од Русија.
Ново на Сител
-
Приведени две лица, претрес во Штип, пронајдена дрога
-
Приведени двајца кавадарчани поради семејно насилство
-
АСО: Граѓани наплатија над седум милиони евра од осигурување живот за пет месеци
-
Приведен 28-годишник од Тетовско баран по централна потерница
-
ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП
-
Делови на Грција денеска се очекува да бидат зафатени од силно невреме
-
Честитка од Сиљановска-Давкова до американскиот претседател Бајден по повод Денот на независноста на САД
-
Сиљановска-Давкова на состанок со началникот на ГШ и министерот за одбрана