Џет-Сет
20. April 2016 - 20:15

Најголемиот шок на мајката на Роналдо: Му го оперираа срцето

Долорес Авеиро, мајката на Кристијано Роналдо, откри во својата автобиографија непознати детали за јавноста за животот на нејзиниот син.

Во книгата со наслов „Мајка храброст“ пишува дека сегашниот фудбалер на Реал Мадрид имал операција на срце кога имал само 15 години, во времето додека бил член на Спортинг од Лисабон.

-Ми се јави лекарот на Спортинг и ми рече дека Кристијано има болно срце и мора итно на операција. Нозете ми се отсекоа, пишува во книгата.

На Роналдо му е дијагностицирана тахикардија.

-Неколку дена подоцна го оперираа. Се се заврши за само неколку часа. Утрото беше примен во болница, а попладнето се беше готово. Не се плашеше, цело време се шегуваше на своја сметка, но јас бев шокирана, пишува Долорес Авеиро.