
По првиот месец, Кајзер ќе се појавел на теренoт..
„Некој ќе ми подаде топка, а јас ќе ја шутнам далеку. Потоа би се фатил за задната ложа и би се превиткувал од болки. Наредните 20 дена би ги поминал во лечење. Тогаш немало ни магнетните резонанци, па морале да му веруваат“, изјави тој.
Ги купувал соиграчите со лесни жени
Додека се „опоравувал“, правел се за да стане популарен кај соиграчите.
„Тогаш на играчите не им беше дозволено да го напуштаат хотелот пред натпревар. Затоа неколку дена пред доаѓањето во хотелот резервирал соби и најмувал жени да дојдат. Кога соиграчите ќе дојдат, не мораа да го напуштат хотелот за да запознаат девојки“, раскажува тој.
Повеќето тренери и доктори сметале дека Кајзер нема среќа. Меѓутоа, некои го „прочитаа“. Деведесетите години престојуваше во Ботафога, а често носел голем мобилен телефон. Го користел за ада води лажни разговори на англиски со наводно заинтересирани клубови. Било многу лесно да ги измами соиграчите, зошто никој не зборувал англиски. Меѓутоа, клубскиот доктор го познавал тој јазик. Брзо сфатил дека Кајзеровиот англиски нема никаква смисла. Еден ден додека Кајзер се туширал, докторот му го зел телефонот и сфатил дека всушност сре работи за играчка.
По таквите инциденти, Кајзер едноставно би го променил клубот, каде би ја повторил успешната формула. Покрај Ботафога, бил член и на уште неколку големи бразилски слубови, како Фламенго, Васко, Палмеирас и Флуминенсеа.
Додека бил под договор со бразилскиот клуб Банги, се уште работејќи на „кондицијата“, Кајзер се соочил со неочекувано изненадување. Уфрлен е во тимот!
„Тренерот му убеди дека само ќе седам на клупа. Меѓутоа, екипата губеше и тренерот ме испрати на загревање“, ја почна својата приказна досетливиот Бразилец.
Влегувањето во игра би открило дека тој воопшто не е добар фудбалер. Морал да направи нешто брзо.
„Забележав дека навивачите ги навредуваат своите играчи. Се качив на оградата и вербално ги навредував навивачите“, раскажува Кајзер.
Секако, поради тоа добил директен црвен картон. Клубскиот претседател Кастор де Андраде бил лут и барал објаснување.
„Пред да ми кажеш било што, сослушај ме. Бог ми подари татко, но тој почина. Меѓутоа, добив нов (му реков покажувајќи на претседателто Де Андраде). Никогаш неам да дозволам некој да зборува за мојот татко дека е крадец. Навивачите токму тоа го зборуваа и поради тоа мирав да реагирам“.
Со овие зборови Кајзер го убелид Де Андраде да му прости, а како награда добил нов шестмесечен договор.

Ги поместувал границите се подалеку
Неколку години подоцна, Кајзер уште ги поместил границите. Видел дека бразилските ѕвезди заминуваат во Европа. Кајзер го направи истото и потпиша договор за францускиот клуб Ајачио. Првиот предизвик беше на приемниот тренинг. Стотици навивачи дојдоа да се уверат во вештинтие на новата бразилска ѕвезда. Кајзер не сакал да ги изневери, но пад по првиот контакт со топката не бил опција. Наместо тоа, тој ги воодушевил навивачите шутирајќи топки меѓу нив. Го правел тоа се додека немало повеќе топки. Тренерот немал друга можност освен тренингот да го пренасочи како кондиционен.
Останал неколку години во тој клуб, кој се натпреварувал во француската втора лига. Забележал и 20 настапи како замена, а на теренот поминувал по неколку минути. На крајот се вратил во Рио и тука ја завршил импресивната кариера, во текот на која како напаѓач постигнал нула голови. Од тамошните медиуми го доби прекарот „бразилскИ Форест Гамп“.
Прекарот „Кајзер“ го заработил во младоста поради сличностите со легендарниот германски фудбалер, Франц Бекенбауер. Секако, имаат само физичка сличност, зошто овој 55-годишен Бразилец не поседувал апсолутно никаков фудбалски талент.

