Најголем дел од законите поднесени од Владата одат во редовна постапка, останува примерот да го следат и пратениците

Речиси 90 проценти од законите што ги предлага Владата се во редовна постапка. Останува овој проблем да го надминеме и кај пратениците кога поднесуваат предлог законски решенија, истакна претседателот на Собранието Африм Гаши на дводневната национална дебата за улогата на Собранието во процесот на пристапување во ЕУ што попладнево почна во законодавниот дом.
- Најчести предлагачи се Владата и пратениците. Пред некој ден разговарав со службите - скоро 90 проценти од законите што ги предлага Владата се веќе во редовна поставка. Тоа е битка што сме ја издвоиле секој ден зборувајќи со министрите, со Владата. Како председател на Собранието барав да присуствувам на една од седниците на Владата, каде им укажав и на премиерот и на сите министри да не ги предлагаат законите во скратена постапка. Им кажав дека работиме редовно, дека често има седници и дека истото временски ќе го добијат со редовната постапка. За жал, сега ни е проблем тоа што самите пратеници ги предлагаат по скратена постапка голем дел од законите, посочи претседателот на Собранието.
Вели дека тоа е битка што треба да ја издвојат сите заедно преку политичка култура, со укажавања и заложби.
- Јас сум против злоупотребата на скратената постапка и тоа сум го кажал уште на првата координација. Сум им укажал и на координаторите и на владините претставници да ги предлагаат законите по редовна постапка. Деловникот за работа дава можност за скратена постапка и ние како Собрание немаме можност да му го забраниме ова право на предлагачот, но може да го надминеме со политичка култура, преку укажаувања, рече Гаши.
Во однос на злоупотребата на европското знаменце, Гаши вели дека нема злоупотреба за што потврда се и извештаите на Европската комисија за напредокот на државата.
- Овој дел е апсоливиран. Во извештаите на Европската комисија е наведено дека нема ниту еден пример на злоупотреба на европското знаме за овие две години, посочи Гаши.
Според заменик -министерот за надворешни работи Зоран Димитриевски, Владата внимава законите што ги предлага да одат во редовна постапка, а во однос на европското знаменце вели дека е направен чекор напред и дека во изминатиот период се води сериозна сметка што помалку закони да се предлагаат со европско знаменце.
- Во изминатиот период се водеше сериозна сметка да има што помалку закони со европско знаменце кои немаат втемеленост со европската легислатива, затоа што идејата на носење на закони со европско знаменце е тие да се усогласат со европските регулативи. Во однос на брзата постапка морам да кажам дека во Владата во последно време има една сериозна дисциплина и опомени од страна на премиерот и вицепремиерите кои ги предупредуваат министрите да не поднесуваат закони по брза постапка, истакна Димитриевски.
Пратеничката Фани Каранфиловска од СДСМ не се согласува со ваквиот став посочувајќи дека се уште има закони кои одат по скратена, наместо по редовна постапка.
- Ако ги водиме законските решенија по скратена постапка, ги оновозможуваме сите заинтересирани страни, не само невладени организации, туку и експертите и граѓаните да имаат збор во процесот на носење на законите. Така што мислам дека во интерес на граѓаните и во интерес на заштита на нивните права многу е важно, особено за клучните закони, да одат по редовна постапка и да има јавни расправи со вклучување на граѓаните уште во фазата на изготвување на законот, рече Каранфиловска.
МИА
Ново на Сител
-

Иранците поканети на национален митинг за обнова на верноста кон иранскиот лидер
-

Тошковски – Сјаојан: Продлабочување на соработката и зајакнување на партнерството во областа на безбедноста
-

Силјановска-Давкова - Пармелан: Првата официјална посета на претседател на Швајцарија потврда за добриот развој на односите и силниот дијалог
-

Студентите во блокада за крајот на мај најавуваат голем митинг во Белград
-

ССМ организира протест на 1 Мај, ги повика работниците масовно да излезат
-

Српски Завод за статистика: Во изминатите 10 години во државата имигрирале над 167 илјади луѓе, најмногу од Русија
-

Мицкоски: Ќе продолжиме со стабилни политики и заштита на стандардот на граѓаните
-

Американските разузнавачки агенции проучуваат како би реагирал Иран доколку Трамп прогласи победа во војната
