Најголем дел од хрватските хеликоптери се приземјени

Најголем дел од хрватските воени хеликоптери се приземјени, поради дотраеност на нивните ресурси, а за сега не е јасно кој ќе изврши ремонт на леталата произведени во Русија, јавуваат хрватски медиуми.
Осум од десет руски хеликоптери повеќе не летаат. Хрватските медиуми тврдат дека се загрозени спасувачките операции за време на туристичката сезона, додека Министерството за одбрана ја демантира оваа информација.
Активностите на приземјените руски воени хеликоптери ќе ги извршуваат летала постари од нив, а во Министерството за одбрана на Хрватска нагласуваат дека помошта на повредените не е доведена во прашање.
- Сите приземјени хеликоптери се наоѓаат, наместо во хангарите, на пистата на воената база, каде се изложени не сонце, ветер, дожд. Колку ќе потрае ваквата состојба не е познато, пишува хрватскиот портал „Дневник“ и додава дека се уште не се знае, кој ќе го врши ремонтот, но најверојатно тоа ќе го прават странци.
Според неофицијални информации на „Дневник“ Министерството за одбрана смета на Русија, Украина и Словачка.
Ново на Сител
-

“Клексан” и три други антикоагуланти од 1 јули се на позитивната листа и достапни во аптеките
-

По 25 години - нов етички кодекс за новинарите
-

Нов етички кодекс за пратениците - ќе се стави ли крај на навредите во Собранието?
-

Нов доказ во случајот со оддавање службена тајна
-

Преговори за Изборниот законик
-

Нови лекови на позитивната листа
-

Почна пријавувањето на штетите од пожарот во Пробиштипско
-

Производителите на пченица бараат да запре увозот
