Живот
25. August 2015 - 11:10

„Најглупата идеја на светот“ му донела големо богатство

Кога Алекс Крег и го кажал бизнис планот на својата девојка, таа му рекла дека тоа е најглупата идеја што некогаш ја слушнала. Меѓутоа, Крег сакал да ризикува.
 
Овој млад човек, денес заработува по 10.000 долари месечно, а неговата работа е испраќање компири преку пошта. На клиентите им наплатува измеѓу 8 и 10 долари за еден компир во кој е напишана некоја „убава порака“, која ја праќа на адреса по нивна желба.
 
- Мислам дека сите луѓе на патот кон успехот ги блокира стравот од неуспех, стравот дека залудно ќе си го потрошат времето и парите, - вели Алекс.