Македонија
6. November 2016 - 16:58
Најгласните поддржувачи на СДСМ со потсмев ги коментираат пратеничките листи на Заев
Најгласните поддржувачи на СДСМ и на политиките на Зоран Заев денес со доза на потсмев ги коментираат листите со кои опозицијата ќе настапи на претстојните избори.
Новинарите кои жестоко го бранеа СДСМ во целиот изминат период на деструкции и црни сценарија, денес јавно го искажаа своето незадоволство и чудење од лицата кои се најдоа на пратеничките листи.
Јадранка Костова и Борјан Јовановски кои со години јавно ги поддржуваат сите одлуки на Зоран Заев и даваа поддршка за него пред изборите, денес со жестоки критики на негова адреса.
-Ферид Мухиќ на листата на опозицијата !? Јас не се сеќавам дека кренал глас против груевизмот во изминативе години !? Или грешам!? Но знам дузина професори кои го правеа тоа..збунета сум де пиша Јадрана Костова на својот фејсбук профил
-Се моли СДСМ кога ќе плука во лице на граѓанството да најави чадори да отвориме дека се удавивме напиша Борјан Јовановски
И другите истанати поддржувачи на опозицијата со слични размислувања.
-Ако вие од СДСМ сте ја зеле Љиљана Поповска за да кажете дека се грижите за чиста човекова околина, веднаш да ви кажам дека стратегијата ви е утната до даска напиша Светлана Јовановска која е сестра на Борјан Јовановски и е дописничка од Брисел.
-Оооооо Ферид Мухиќ . Тешко тебе Македонија напиша Марија Миовска Васиљ.
Во СДСМ врие од незадоволство бидејќи се бараат нови гласови со стари компромитирани кадри. Членството реагира и коментира дека е разочарно и се чувствува изманипулирано.
-
Митко Сланинкоски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
